Вардар повторно се врати на поразите во Лигата на шампионите. Во клучниот натпревар доживеа пораз од Порто (30-22) со што си ја отежна ситуацијата во групната фаза. Вардар делуваше немоќно на овој меч и постојано беше во негатива. Единствена светла точка беше голманот Марко Кизиќ кој колку-толку ги држеше во игра.
Најголем број на голови Вардар ги прими од контри и без голман, но и нападот „шкрипеше“.
Со овој пораз Вардар ќе добие потежок противни во втората фаза, најверојатно ПСЖ или Флензбург.
Comments are closed for this post.