Кели Пике го освои срцето на Макс Ферстапен.Таа е ќерка на Нелсон Пике, бразилскиот Формула 1 возач кој беше трикратен светски шампион. Таа е девет години постара од Макс.

Врската на Кели со Формула 1 е исклучително силна. Освен што моментално е во врска со Ферстапен, а нејзиниот татко бил возач на формула, поранешното момче на Кели  е рускиот возач Данил Квјат.

Кели, чија мајка беше модел од Холандија, не страдаше долго за Данило, па 10 месеци подоцна ја започна врската со Макс Ферстапен. Случајност или не, но најголемите успеси на Макс Ферстапен дојдоа веднаш откако влезе во романса со бразилско-холандскиот модел.