Ѕвездата на Лејкерси, Лука Дончиќ, го продолжи договорот со клубот од Лос Анџелес. Дваесет и шестгодишниот Словенец оваа информација ја сподели на социјалните мрежи.

Според инсајдерот на „ESPN“, Шамс Чаранија, новиот договор е за три години и 165 милиони долари.

Дончиќ беше продаден од Далас во Лејкерси во февруари 2025 година. Во сезоната 2024/25, тој одигра 28 натпревари за клубот од Лос Анџелес во регуларниот дел од НБА-лигата и имаше просек од 28,2 поени, 8,1 скока и 7,5 асистенции.

Во сезоната 2024/25, Лејкерси го освоија третото место во Западната конференција на НБА со биланс 50-32 (победи-порази). Во првото коло од плејофот, Лејкерси загубија од Минесота со резултат од 1-4 во серијата. з