Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари е првиот играч во НБА лигата кому му успеало да постигне три или повеќе тројки на три натпревари по ред. Кари на дуелот со Њу Орлеанс реализира девет тројки од 17 обиди.
Плејмејкерот на актуелниот шампион мечот го заврши со 41 поен со што ги предводеше „воините“ до победа од 147:140.
Истовремено, на овој натпревар, двете екипи заедно погодија 43 удари за три поени, што е вкупен рекорд за еден дуел во историјата на НБА лигата.
Резултати од синоќешните натпревари
Голден Стејт – Њу Орлеанс 147-140
Детроит – Орландо 120-115 (прод.)
Бостон – Торонто 117-108
Хјустон – Бруклин 142-145 (прод.)
Мемфис – Милвоки 101-111
Далас – Сан Антонио 101-105
Портланд – Кливленд 129-112
ЛА Клиперс – Јута 109-129
Comments are closed for this post.