Германија ја совлада попладнево кошаркарската репрезентација на САД и првпат во историјата ќе игра во финале на Светското првенство во кое противник в недела ќе биде Србија, која во полуфиналето беше поуспешна од Канада.
Србија во првото денешно полуфинале во Манила ја совлада Канада со 95-86. Најдобриот српски кошаркар на мундијалскиот турнир и капитен Богдан Богдановиќ беше најефикасен во победничкиот тим со 23 поени, додавајќи четири скокови и три асистенции.
Големо изненадување донесе вториот полуфинален дуел во Манила во кој Германија сосема заслужено го совлада САД со 113-111предводена од Андреас Обст со 24 поени.
Финалето и натпреварот за третото место се на програмата в недела, исто така, во Манила
Comments are closed for this post.