Рускиот УФЦ борец Кабиб Нурмагомедов, оствари убедлив триумф во четвртатата рунда против Ирецот Конор МекГрегор, по што го прескокна кафезот и се фрли кон тимот на ирскиот борец за да се пресмета и со нив.
Тоа предизвика вистински хаос во „Т-Mobile“ арената во Лас Вегас. Во општата пресметка што се прошири и на рингот и околу него, се вклучија и луѓето од тимот на рускиот борец, што оневозможи ефикасна реакција на обезбедувањето, но и на полицијата.
conor mcgregor v Khabib
The ending
What a fight #UFC229
— SCARFACE (@LFC_LION) October 7, 2018
Таквата реакција на Кабиб Нурмагомедов доаѓа како експлозија на гнев од неколкуте вербални и физички напади што Ирецот и луѓето и неговиот камп ги вршеа кон него во текот на промоцијата на борбата, што го доби епитетот најголема во историјата.
conor mcgregor got destroyed
He took Khabib lightly and he paid for it
Forget what happened outside the ring
Khabib is on another level to Conor #UFC229
— SCARFACE (@LFC_LION) October 7, 2018
Набојот на емоции по борбата беше толку голем што дури и некои од фановите присутни во салата, по дуелот одлучија да ја бранат честа на своите идоли и се впуштија во меѓусебна пресметка.
enjoy this video of McGregor & Khabib fans re-enacting what they just witnessed inside the arena pic.twitter.com/FttHyc0WpM
— LakeShowYo™ (@LakeShowYo) October 7, 2018
Comments are closed for this post.