Трикратниот НБА МВП Никола Јокиќ се почести со скап часовник, кој е само еден од многуте во колекцијата, а чини неверојатни 300.000 долари. Некој би рекол дека со тие пари може да се купат три стана во Скопје.

Но, моделот за кој станува збор е Richard Mille RM 11-03 Automatic Flyback Chronograph. Јокиќ се појави на прес-конференцијата со овој скап часовник, кој не можеше да остане незабележан. Никола не е како другите НБА асови, не сака медиумско внимание, рефлектори. Но, сака скапи часовници и одела, кои можеме да ги видиме пред речиси секој натпревар во НБА.







Comments are closed for this post.