Мотоциклистката со Доминиканска Република, Индијана Муњоз (29) загина за време на трката „Гојас СуперБајк“ што се возеше на патеката „Аиртон Сена“ во Бразил.
Светот тагува по неа бидејќи таа беше една од најзгодните и најдобрите спортистки во својата земја.
Кобниот момент се случи при пад во свиок, во трката со мотори до 600 кубни сантиметри, а смртта кај несреќната девојка настапи како последица на тешките повреди на главата со кои се здоби.
Муњоз е родена во Доминиканска Република, но кариерата ја разви во Бразил, каде работеше и како инструктор за јавање. Во 2013 година и во 2014 година беше шампион во мотоциклизам во земјата на „кариоките“, во 2016 година победи на трката „100 милји Интерлагос“, а освои и три титули во „Кавасаки Нинџа 300“ и во „Јамаха Р3 Купот“