Еден од најзаслужните играчи на Вардар во освојувањето на шампионската титула, Игор Карачиќ беше претставен како нов играч на полскиот Килелце. Тој ќе биде големо засилување за Полјаците во обид повторно да ја повратат европската круна.

Тој во жолтиот дрес изјави дека му е голема чест што ќе биде воден од еден од најдобрите тренери во светот како Душебаев и оти се надева на успеси.