По повод објавувањето на автобиографијата наречена „Адреналин“, Швеѓанецот одвои време и одговараше на прашањата на „Кориере дела сера“, а во таа прилика, меѓу другото, проговори и за врската со Синиша Михајловиќ.

Синиша во една прилика ме провоцираше во текот на целиот натпревар на теренот, кажувајќи ми ужасни работи на српски јазик, а јас паднав на тоа. Сега ме вика син. Кога се разболе од истата болест како и брат ми, се спакував и отидов во Болоња. Миха беше лош на теренот, исто како Балак-професионален провокатор, но тоа го правеше за да им донесе предност на соиграчите – изјави Ибрахимовиќ