Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ вечерва се пласираше во третото коло на Мастерсот во Рим, откако со 7:6 (5), 6:2 го совлада аргентинскиот играч Томаш Мартин Ечевери.

Во првиот меч по три недели, српскиот играч за еден час и 51 минута го совлада 61. тенисер во светот.

На вчерашниот натпревар присуствуваше и легендарниот тренер Жозе Мурињо, а она што го направи Португалецот по натпреварот е навистина неверојатно.

По натпреварот, Мурињо срдечно го поздрави Ѓоковиќ, му честиташе за победата и потоа побара негов автограм. Новак без двоумење излезе да го пречека славниот Португалец.