оливудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Роб Мекелени станаа сопственици на еден од најстарите фудбалски клубови – Врексам од Велс. Актерите платиле 2,5 милиони долари за да го купат клубот.

Врексам е формиран во 1864 година, а во последната деценија не е баш успешен. Моментално е во петтата по ранг лига во Англија, а максимумот што го има достигнато е Лига 1 (третата по ранг лига) во сезоната 2004/05.

Можеби не сте слушнале за Врексам или за „Рејскорс граунд“ претходно, но допрва ќе чуете“, изјави Рејнолдс.

Од 2011 година клубот беше во сопственост на навивачите, а сега двајцата актери ќе се пробаат како менаџери и бизнисмени и ќе се обидат да го кренат клубот да повисоко ниво.

Инаку Врексам дури 23 пати го освоил велшкиот Куп, а во минатото има и настапи во европските купови