Светски познатиот производител на спортска опрема „Адидас“ направи патики во знак на почит кон кошаркарскиот клуб „Југопластика“. Тие одлучија да и оддадат почит на Југопластика како носител на квалитетот на европската кошарка на крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години, кога сплиќани беа трикратни европски шампиони, пишува Индекс.хр.

Ексклузивната верзија на Adidas Forum High ја слави, како што се наведува во соопштението, непогрешливата кошаркарска култура на Балканот.