Актуелниот англиски шампион Манчестер сити денес го претстави своето големо засилување, Ерлинг Халанд.

Дваесет и едногодишниот норвешки фудбалер ќе му се приклучи на клубот на 1 јули откако потпиша петгодишен договор.

Неговиот договор е до летото 2027 година.

– Отсекогаш сум го гледал Сити, ми се допадна во последните сезони. Невозможно е да не се восхитуваме на нивниот стил на игра. Играат интересно, создаваат многу шанси, што е совршено за играч како мене, изјави Холанд за клупскиот сајт на „граѓаните“.

Халанд од јануари 2020 година беше дел од Борусија Дортмунд. За две и пол сезони во бундеслигашот, постигна 86 гола на 89 натпревари и креира 23 асистенции.