Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, жали за пропуштената шанса неговиот тим да обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите до кое го делеа неколку минути.
Сити синоќа загуби на госувањето кај Реал со 3:1 по дополнителни 30 минути, откако основните 90 завршија со 2:1.
– Бевме блиску, но на крајот не се пласиравме во финалето. Сè е едноставно. Во првото полувреме не одигравме доволно добро, но немавме посериозни проблеми. По постигнувањето на нашиот гол одигравме подобро. Го најдовме нашето темпо, нашата игра, играчите се чувствуваа удобно. Реал во последните 10 минути нападна со сите сили, а ние настрадавме. Многу од нивните играчи влегоа во шеснаесетникот, меѓу кои Милитао, Родриго, Винисиус, Бензема. Нафрлија и погодија два пати. Не ја прикажавме нашата најдобра игра, но тоа е нормално, бидејќи е полуфинале. Играчите го почувствуваа притисокот и сакаа да успеат. Фудбалот е непредвидлив. Треба да го прифатиме. Треба да се преиспитаме и да се вратиме назад. Имаме уште четири натпревари пред нас во домашното првенство, изјави Гвардиола.
Шпанецот по шести пат е елиминиран во полуфиналето на Лигата на шампионите со што го повтори антирекордот на Жозе Мурињо
Comments are closed for this post.