Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го кажа своето видување за синоќешната победа (3:1) над Манчестер сити во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите.

– Не можам да кажам дека веќе сме навикнати да победуваме на овој начин, но истото се случи и во пресметката со Челзи и ПСЖ. Ако прашате како успеваме да го направиме ова, ќе ви одговорам дека историјата на клубот ни помага да продолжиме да се бориме дури и кога се чини дека се е веќе завршено. Натпреварот беше речиси загубен, но сепак успеавме да го направиме последниот чекор. Имавме добар натпревар против силен противник. Постигнатиот гол, кој ни овозможи да израмниме, ни даде самодоверба во судиското надополнување и ни донесе психолошка предност. Драго ми е што ќе играме во финалето против уште еден силен противник. Навикнати сме на вакви натпревари. Нè очекува неверојатна фудбалска вечер, изјави Анчелоти.

Реал победи со 3:1 по продолженија, откако основните 90 минути завршија со 2:1. На првиот меч одигран во Манчестер, Сити победи со 4:3.

Во финалето Реал Мадрид ќе се соочи со Ливерпул. Овој натпревар е закажан за 28 мај во Париз.