Напаѓачот на Атлетико, Антоан Гризман, го прифати тешко поразот од Јувентус со 0:3 и елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите.

Тој сепак собра сили да му честита на ривалот кој, според него, беше подобар во секој поглед во овој натпревар.

Ние не ги изградивме акциите онака како што сакавме. Беше лоша ноќ, а ние му олеснивме на Јувентус. Ние сме најмногу разочарани од самите себе, бидејќи ние ништо не игравме. Јас прв ќе признаам дека не направив доволно. Нашето темпо беше погрешно, и Јувентус не надигра во секој поглед. Имајќи предвид дека го освоивме првиот натпревар со 2:0, нема што да се каже. Не можам да објаснам што се случи. Ова ме потсети на натпреварот против Баерн Минхен, но потоа направивме некои промени во нашата игра. Оваа вечер, Јувентус беше подобар во секој поглед, призна Гризман.