Српската фудбалска репрезентација ја пречека селекцијата на Швајцарија во Лесковац, во третото коло од А дивизијата на Лигата на нации.

Србија одлично влезе во натпреварот, а „орлите“ успеаја да поведат во 46. минута, кога Нико Елведи си постигна автогол..

Тоа им даде крилја на српските фудбалери кои од стартот на вториот дел силно тргнаа кон голот на Швајцарија.

Се исплатеше во 61. минута, по феноменалниот гол на најдобриот стрелец Александар Митровиќ.

Кој е Гранит Џака

 

Малкумина знаат зошто толку омраза кај него кон Србија и се што е српско.

Таткто на Гранит, Рагип Џака беше еден од албанските сепаратистички дисиденти од 1980-тите и меѓу првите Албанци кои извикуваа „Република Косово“.

Џака постариот беше уапсен на 22-годишна возраст бидејќи протестирал против властите и повика на обединување на сите Албанци во една земја и создавање на голема Албанија во 1986 година, а одредено време помина во затвор во Белград. Поточно, тој е осуден на шест години затвор за пароли против тогашниот систем