Со натпреварот против Металуг вечерва во СЦ „Борис Трајковски” почнува вториот дел од сезоната во регионалната СЕХА Газпром лига.

Вардар гостува кај градскиот ривал а до крајот на календарската година остануваат уште натпреварите со Железничар, Татран и Стеауа. Вкупно треба да се одиграт 18 натпревараи пред завршниот Ф4 турнир.

На табелата Вардар е на делба на второто место со 21 бод, исто колку и Татран и Нексе, но црвено-црните имаат и еден меч помалку.