Од Град Скопје информират дека се подготвува пречек за ракометарите на Вардар. Како што велат од таму за ПресингТв, треба да се одржи состанок на кој ќе се договорат деталите, по што ќе биде инфомирана јавноста.

Инаку, се уште не е точно познато кога вардарци ќе слетаат во Скопје. Според промената на планот, се организира чартер лет од Келн, што беше планирано да стигне во 16.15 часот. Сепак, таков лет не може да се организира во доволно брзо време, па тој лет е откажан.

Повеќе точни детали се очекува да соопштат од Град Скопје.