Голден Стејт ја освои плејоф серијата против Лос Анџелес Клиперс со 4:2 по успехот со 129:110 во шестиот натпревар од серијата во Западната конференција на НБА.

Кевин Дурант ги изведе „воините” до успех, откако реализираше 50 поени. Дурант постигна 38 поени во првото полувреме, со што го израмни рекордот на Чарлс Баркли за најмногу поени во првото полувреме на плеј-офот во НБА. Баркли постигна 38 од вкупно 56-те поени за победата на Феникс пред 25 години.

Стеф Кари помогна со 24 поени, а Дрејмонд Грин запиша „трипл-дабл” со 16 поени, 14 скока и 10 асистенции за Голден Стејт.

Данило Галинари пак реализираше 29 поени за Клиперс.

Во следната рунда на плејофот, Голден Стејт ќе се сретне со Хјустон. Првиот натпревар е на 29 април во Оукленд.