Џудисти од Македонија и од неколку европски држави ќе учествуваат денеска на меѓународниот турнир насловен „Џудо за мир”, што ќе се одржи во градот Пеќ во организација на Федерацијата на џудото на Косово и на месниот клуб „Ипон”.

Тренерот на косовската репрезентација, Дритон Кука очекува натпревар кој ќе биде значаен за сите млади џудисти кои тежнеат да се појават на меѓународната арена.

Домаќин на младите спортисти од Косово, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Австрија, Турција, Босна и Херцеговина и Романија, ќе биде олимпискиот тим на Косово, предводен од најпознатата косовска спортистка, олимписката и повеќекратна светска и европска првенка во џудо, Мајлинда Кељменди.

Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Карагач” во родниот град на Кељменди.