Норик Авдалјан, фудбалерот на втората екипа на рускиот тим, Рубин Казан, го постигна можеби најатрактивниот пенал во историјата.

На дуелот од универзитетската лига на руската покраина Татарстан против Чебоксари, Авдалјан постигна гол од белата точка притоа изведувајќи салто наназад со што стана вистинска сензација на социјалните мрежи.