Жестока физичка пресметка на трибините во салата Пионир во Белград на дербито од плеј-офот во АБА кошаркарска лига меѓу Црвена Ѕвезда и Партизан. Во неа учествувал и глумецот Милан Калиниќ.

Како што јавуваат српските медиуми тепачката избила во ложата, а навивачот со кого се степал Калиниќ бил со раскрвавена глава.

Дури морал да интервенира и министерот за одбрана на Србија Дрган Шутановац кој спречил да дојде до упте поголем инцидент.