Заврши одморот за Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот ги започна подготовките за новата сезона.
Ѓоковиќ објави снимка додека го удира тениското топче во долги ракави, најверојатно во Монако.
Првата проверка во новата сезона ќе ја има на 27 – 29 декември на егзебициониот турнир Мубадала во Абу Даби.
Првиот официјален турнир за кој српскиот тенисер се пријави е АТП турнирот од серијата 250 во Доха од 31 декември до 5 јануари каде ќе се обиде да ја освои третата титула во последните четири години.
Првиот Гренд слем во сезоната на програмата е од 14 до 27 јануари Аустралија опен во Мелбурн, каде ќе игра за седмиот трофеј, а за 15 Гренд слем круна.
Preseason 🤙😃 pic.twitter.com/yGrvF0e2NO
— Novak Djokovic (@DjokerNole) December 14, 2018
Comments are closed for this post.