Шахтјор од Доњецк е клубот ко редовно игра во завршицатаод Лигата на шампионите, има богат шеф. Ринат Ахметов е на прво место меѓу најбогатите инвеститори во светскиот фудбал
Успехот на Шахтјор во Лигата на шампионите се чини дека е тесно поврзан со зголемувањето на богатството на Ринат Ахметов, бизнисменот во последно време успеа да го умножи своето богатство повеќе од девет пати во последните две години.
Тој е меѓу оние кои први ја напуштија Украина по избивањето на немирите. Тој е инајбогатиот (според листата на Форбс) Украинец, тежок нешто помалку од осум милијарди долари. Неговиот авион со околу 30 седишта е забележан како лета кон Цирих.
Во Киев го обвинуваат дека ги финансира бунтовниците, во Москва дека ја издал каузата
Во последните две децении, Ринат Ахметов, најсилната фигура во Украина го искористи профитот од челикот и јагленот за да направи силен фудбалски клуб со здрава основа и нов најмодерен стадион. Во последно време, кога Шахтјор игра на домашен терен, никој не знае дали Ахметов е на стадионот. Има добра причина за тоа.Донетцк е мултинационален град. Во него живеат Украинци, Руси, Ерменци, Грузијци
По избивањето на војната, Ахметов изјавил дека нема да го гледа својот тим на стадион сè додека клубот игра во градот Лавов
Ринат Ахметов, потекнувал од мошне сиромашно семејство. Брат му и татко му работеле како рудари, професија од која малиот Ринат сакал да побегне по секоја цена. Бил вешт картаџија и човек на кој мозокот му работи брзо. Веќе на 25-годишна возраст влегува во индустријата, а пријателството од младоста со Виктор Јанукович (подоцна претседател на Украина) ќе му овозможи брз развој и голем капитал.
Comments are closed for this post.