Ракометарите на Алкалоид со голема победа се враќаат од Атина против АЕК од првиот натпревар од финалето од Европскиот куп на ЕХФ. Алкалоид славеше со 25-29 и овие четири гола ќе ги брани во возвратниот натпревар по седум дена во Скопје.
Најефикасен играч во таборот на Алкалоид беше Мартин Сефаримов со шест погодоци, а „пет од пет“ имаше Франциско Да Силва. Голем удел во овој триумф имаше голманот Иван Галевски кој фати пет пенали и вкупно девет интервенции, додека двоцифрен со десет одбранети удари беше Марко Кизиќ.
Comments are closed for this post.