По киксот кај Кјелце во минатото коло Вардар продолжува со добрите игри. Вечерва во “Јане Сандански” во ракометната Лига на шампиони разбиен беше Брест Мешков со 30:23.
На полувреме резултатот беше 14:14. Карачиќ беше најефикасен со дури 11 голови, а Чупиќ и Дибиров постигнаа по шест.
Ова беше петта победа за македонскиот шампион. Во моментов е лидер на табелата со 10 бодови Втор е Рајн Некар со осум.
Трета е Барселона, а на четвртото место е Кјелце. Овие две екипи утре го играат нивниот дуел. И тие имаат по осум бодови, но и натпревар помалку.
За Вардар не настапи Вуко Борозан, а дебитираше германскиот ракометар Дисингер. Следниот натпревар црвено-црните го играат на 11 Ноември против Барселона во Скопје.
Comments are closed for this post.