Македонската фудбалска репрезентација во четврток против селекцијата на Грузија ќе го игра историскиот натпревар за прв пласман на нашата селекција на Европско првенство.

Фудбалската федерација на Македонија, објави видео за поддршка на македонските репрезентативци.

Веруваме дека зборуваме и во ваше име кога со цело срце и почит ги изговараме овие зборови: „Цел живот, Македонија! Ви благодариме, момци”, пишува ФФМ во објавата.