Црвена Ѕвезда со победата над Чукарички заокружи уште една успешна полусезона. Серијата одлични резултати ќе ја остави 2018 година испишана со златни букви во црвено-белата архива, а првата асоцијација ќе биде враќањето на елитната фудбалска сцена на некогашниот првак во Европа и светот.
Избраницте на Владан Милојевиќ по 26 години играа во пролетните европски дуели, почнувајќи со двомеч против летонскиот Спартакс од Јурмале, потоа следеа дуели во кои беа подобри од Судуве, Спартак од Трнаве и Салцбург.
Елиминирајќи четири ривали, Црвена Ѕвезда стана првиот тим кој некогаш стигнал во групната фаза на Лигата на шампиони прескокнувајќи ги четирите препреки.
Паралелно нижејќи победи на домашната сцена, Црвена Ѕвезда ги запозна ривалите во елитното клубско натпреварување на Стариот континент, а веќе премиерата им донесе и историски резултат. Одиграа нерешено против Наполи во Белград, освојувајќи го првиот бод во Лигата на Шампионите.
Вака се движеше вредноста на тимот
Вредноста на тимот 2017 година – 25.005.000 евра
Вредноста на тимот 2018 година – 43.400.000 евра
Вредноста на тимот 2019 година – близу 100.000.000 евра
И покрај тоа што се најде во „групата на смртта“ освен клубот од Белград и Наполи се најдоа и Ливерпул и Париз Сен Жермен, а Ѕвезда успеа да стане хит на натпреварувањето со историскиот триумф над Ливерпул во Белград.
Бранителот на титулата од минатата сезона уште поимпресивен беше на домашната сцена каде оствари 19 победи и два нерешени резултати на вклупно 21 средба.
Интересно е дека, избраниците на Владан Милојевиќ на секоја средба сезонава постигнале барем по еден погодок, и на зимската пауза заминуваат со 47 натпревари без прекин на кои барем еднаш го совладале противничкиот голман, сметајќи го и домашното првенство.
Comments are closed for this post.