„Fire“ односно оган е официјалната песна за Европското првенство кое се игра во Германија. Навивачки пламен има повеќе отколку што треба на трибините и надвор од нив отколку на теренот.Во оганот предничат репрезентациите од регионот, односно нивните навивачи.

Албанци, Косовци, Срби, Хрвати-Западен Балкан без Македонција. Сите се дојдени во Германија да ја бодрат својата репрезентација, но и да ги навредуваат другите.

Навредите ги почнаа Албанците и Хрватите кои како браќа навиваа против Србија и Србите, па од трибините не изостанаа навредите „уби уби Србина и „Србе на врбе“.  По ова српската фудбалска федерација се закани дека е подготвена да го напушти првенството ако нема казни за навредите.

Згора на тоа, косовски новинар им „леташе орли“ пред нивни очи за што е суспендиран

Омразата ја продолжија навивачите на Албанија кои најправо истакнаа на трибините во Дортумд транспарент на т.н „Голема Албанија“ со половина Македонија во неа.Реакција од УЕФА се разбира дека немаше.

Потоа на ред дојде мечот Албанија и Хрватска и Албанија на кој албанскиот репрезентативец Мирлит Даку на разглас извикуваше „Qifsha Maqedonien“ додека навивачите ракоплескаа.

„Победата“ над Македонија ја заокружија и албанските навивачи со навредите кон Македонците и Србите нарекувајќи ги „Шкији“.Навистина „добрососедски“.

Затоа е за поздравување што ФФМ реагираше и побара фудбалерот да се извини а ќе реагираат и до УЕФА.