Под наслов „Северна Македонија започна со промена на имињата на фудбалски терени и федерации“, грччкиот весник „Ефимерида Тон Синдактон“ најавува дека арената „Филип Втори“ наскоро ќе го смени името согласно договорот од Преспа.
Грците реагирале што на последниот натпревар со Летонија на сите официјални најави стоеле дека се игра на стадионот Филип Втори.
Весникот го прашале и портпаролот на владата Миле Бошњаковски и тој им потврдил дека имињата ќе се менуваат.
Владата на Северна Македонија пред две недели објави преку Агенцијата за млади и спорт,сите спортски федерации на земјата, вклучувајќи ја и Фудбалската федерација, дека треба да започнат со процесот на промена на имиња во согласност со Преспанскиот договор. Овој процес веќе започна и е во тек за националните тимови од сите спортови кои ја претставуваат Република Северна Македонија-изјавил портпаролот.
Ново име и кратенка ќе добие и Фудбалската федерација на Македонија-ФФМ која ќе мора во својот назив да го вметне терминот Северна.
Comments are closed for this post.