Од денеска во светот на фудбалот веќе ништо нема да биде исто. Европскиот суд на правдата со седиште во Луксембург донесе одлука според која УЕФА и ФИФА ја злоупотребиле својата положба против формирањето на !Суперлигата“. Со ова се отвора можноста во иднина да се формира т.н лига на богати која пред две години беше на прагот на основање но беше спречена од политички и бизнис кругови.

Европскиот суд на правдата ја донесе пресудата – УЕФА и ФИФА го прекршија законот поради „Суперлигата“ и сега ќе мора да ги следат нивните понатамошни постапки. Тоа не значи дека ќе се формира ново натпреварување, но е сигнал дека нема да бидат казнети клубовите кои сакаа да се одметнат.