Фудбалската јавност денеска беше шокирана од веста дека Европскиот суд на правдата утврдил дека одлуката на УЕФА и ФИФА да им забранат на клубовите да влезат во новата европска Суперлига е незаконска.

Затоа, УЕФА и ФИФА немаа право да ги уценуваат клубовите и сега веќе нема никакви пречки за формирање на ново континентално натпреварување. Повеќето од клубовите денеска се изјаснија дека не се заинтересирани да прејдат во ова натпреварување.

Веднаш по одлуката на Европскиот суд на правдата беше претставен целосно нов концепт на Суперлигата. Планот е на него да земат учество дури 64 клубови, распоредени во три нивоа на натпреварување.

СИНА ЛИГА

Во најнискиот, третолигаш, поточно „Сината лига“ ќе има 32 клуба поделени во четири групи со по осум екипи. По две екипи од секоја група ќе се пласираат во четвртфиналето. Двата најуспешни клуба би се квалификувале во втората лига на натпреварувањето, додека најлошите 16 екипи би биле заменети со екипи од домашните првенства.

ЗЛАТНА ЛИГА

Во вториот ред на натпреварување, Златната лига, ќе бидат поделени 16 клубови – две групи од по осум екипи. Во секоја група би се одиграле 14 натпревари, седум на гости и седум на домашен терен, по што следуваат четвртфиналето во кое одат четирите најдобри селекции од секоја група. Двата најдобри клуба би отишле во првиот ранг на Суперлигата, а двата најлоши во Сината лига.

ЛИГА НА ЅВЕЗДИ

Најсилниот пласман на конкуренцијата, т.н Ѕвездената лига би се состоела од 16 клубови поделени во две групи од по осум. Системот на натпреварување е ист како во Златната лига. Групната фаза би се играла од септември до април, а во четвртфиналето би оделе четирите најдобри екипи кои би се бореле за трофејот.