Сопственикот на конобата во која јадел Новак Ѓоковиќ со семејството откри што јадел и дали имал посебни барања во Хрватска.

Не бараше ништо посебно за јадење, ние сме рибен ресторан и морам да кажам дека јадеше риба. Рече, како и сите други, на што е нетолерантен за да можеме да му ја прилагодиме храната, но тоа е нешто што го прават сите гости. Доаѓаат дури и со парче хартија, а Новак не направи голема работа, туку ни кажа усно. На пример, наместо путер користевме маслиново масло, се избегнуваа млечни производи. Имаме и леб без глутен. Ги има двете нозе на земја и многу сум горд што беше со нас – изјави  Анте Бојиќ, сопственик на кафаната „Адио маре“.