Тренерот на Хајдук Мислав Кароглан објасни како ги казнива играчите ако не ја почитуваат клупската дисциплина. Кој доцни на тренинг или на некој друг начин греши со дисциплината, го врти тркалото и  ја дознава ја казната!

Нема ригорозни казни, се е во хумористичен стил , па така казните се: чистење на копачките за целата екипа три дена, перење три автомобили, тренинг во розова облека, дружење со навивачите во фан шоп по еден час, пеење. три песни, чистење на масите после јадење, плаќање на кино за целиот тим, испорака на храна за целиот тим, купување на повеќе од 100 шампони.

Многу креативно, мора да признаеме.