Македонија ја совлада Ерменија и речиси сигурно ќе игра во разигрувањето за следното Светко првенство. Вечерва во Ереван со головите на Миовски и Алими ја совлада ерменската репрезентација и се пласираше во Б групата од Лигата на нации што е на чекор од најдобите.

Македонија не покажа којзнае што на овој меч, но покажа зрелост, стрпливост.Одбраната беше сигурно, Димитриевски со „чиста мрежа“  а во Миовски добивме гол играч како што сме немале од времето на Дарко Панчев.

Македонија следните два меча ќе ги играме дома следниот месец против Летонија и Фарските острови на кои ќе треба да го потврдиме првото место во Ц групата.