Речиси сите фудбалери од Албанија и Косово како поздрав после постигнување гол го користат двоглавиот орел. За некого тоа е провокација, а за нив истакнување на националната припадност.

Најпознат е Шакири од Ливерпул, но по неговите стапки оди и фудбалерот на Хелински Ерфан Зенели. Тој игра за Хелсински и следната недела ќе игра во Белград на стадионот „Рајко Митиќ“ против Црвена звезда.

Тој најавува дека не се плаши да ги користи вкрстените раце како поздрав доколку постигне гол.