Ракометарот на Вардар, Данаис Криштопанс, по завршување на сезоната 2019/20 ќе се пресели во француската престолнина Париз. Тој ќе го засили ПСЖ каде тренер е македонскиот селектор Раул Гонзалес.
Летонскиот десен бек Даинис Криштопанс ќе ни се приклучи на лето 2020! Добредојде за него! – објави ПСЖ преку клупскиот Фејсбук.
L’arrière droit letton, Dainis Kristopans, rejoindra Paris lors de l’été 2020 ! Bienvenue à lui ! Plus d’informations sur notre site officiel👇
Posted by PSG Handball on Monday, January 7, 2019
Криштопанс изрази задоволството што во иднина ќе има можност повторно да соработува со тренерот Раул.
Среќен сум што ќе играм за една од најсилнити екипи во светот и ќе работам со Раул Гонзалес, истакна бекот на „црвено-црните“.
Според договорот Криштопанс се обврза на тригодишна соработка со ПСЖ
Comments are closed for this post.