Македонската фудбалска репрезентација со победа ги почна настапите во Лигата на нации, новото натпреварување што го организира Европската фудбалска федерација, УЕФА. Творци на овој триумф беа Иван Тричковски и Езџан Алиоски, коишто постигнаа по еден гол во првото полувреме, по што во вториот дел избраниците на селекторот Игор Ангеловски рутинирано го приведоа натпреварот кон крајот.
Резултатот го отвори Тричковски во 19. минута кога одлично од прва реагира на додавањето од десната страна на Стефан Спировски и ја испрати топката под самата пречка.
Уште поатрактивен беше голот на Алиоски во 35. минута. По еден корнер од десната страна топката дојде во спротивниот агол од шеснаесетникот на Гибралтар, каде што налета нашиот крилен фудбалер и со ефектен волеј ја заби топката во мрежата на домаќините.
Следниот предизвик, нашите репрезентатовци ќе го имаа веќе в недела кога воп Скопје ја пречекуваат селекцијата на Ерменија.
Comments are closed for this post.