Со ретки блесоци македонските клубови настапите во европските купови ги завршуваа среде лето кога поголем дел од првенствата не се ни завршени. Едно коло беше максимумот во Европа. Но, оваа година не е така. Дури три наши екипи се пласираа во второто квалификациско коло во Лигата на Европа.
Секако најмногу среќа или несреќа имаше Шкендија. Среќа што доколку го победи Ботосани од Романиија во третото коло ќе игра со Тотенхем на Жозе Мурињо. Несреќа што тимот од Лондон е голем фаворит и тешко дека ќе може да се надева на плеј офот во ЛЕ.
Штета што мечот во Скопје најверојатно ќе се игра без публика и фановите нема да можат во живо да ги видат Мурињо,Кејн, Сон и останатите.
Ренова пак доколку го победи Хајдук во Скопје ќе игра со големиот Галатасарај кој секако е фаворит, послебно на домашен терен.
Најмногу среќа во ждрепката имаше Силекс. Како поразен во првото коло во квалификациите на ЛШ ќе игра во Скопје со Дрита од Косово. Доколку победи ќе оди на Легија од Варшава и тоа веројатно ќе биде крај на Кратовци кои ни криви ни должни добија шанса да играат во европските купови благодарение на тоа што Вардар не доби евролиценца.
Comments are closed for this post.