Полицијата за време на претстојот на Александар Вучиќ во Тирана го уапси Исмаил Морина, кој се претставува и како Балиста Морина, а во јавноста е познат по тоа што во 2014 година леташе со дрон со албанско знаме на фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија.
Причината за неговото апсење по слетувањето во Тирана е статусот што го објавил на Фејсбук, во кој го споменува претседателот на Србија, Александар Вучиќ,
Морина и е познат на полицијата по повеќе кривични дела, а повеќепати беше апсен, меѓу другото и за неовластено поседување оружје и муниција.
Comments are closed for this post.