Доста драматичен и прилично невообичаен крај имаше натпреварот меѓу Голден Стејт вориорс и Сакраменто кингс.

Во последниот напад на Сакраменто, на нешто повеќе од пет секунди и водство на „воините“ од еден поен разлика, Бади Хилд тргна на положување, но го префрли кошот, по што топката дојде до дебитантот Марвин Бегли, кој се обиде веднаш од одбојка да ја забие во обрачот.

Сепак, не успеа до крај во тој свој обид, па топката остана заглавена меѓу обрачот и таблата. Тоа значеше судиско потфрлање на средината на треренот во последната секунда и потврда на победата на актуелниот НБА шампион со резултат 117-116.

А, до тој резултат кошаркарите дојдоа со многу мака и доста среќа во нивниот последен напад, на дваесетина секунди до крајот. Во таа акција дури двапати имаа офанзивен скок, за на крајот Клеј Томсон да успее да погоди положување со што и го погоди 117 поен за својата екипа.


Резултати од синоќешните натпревари

Голден Стејт – Сакраменто  117-116

Кливленд – Хјустон  117-108

Вашингтон – Њу Орлеанс  124-114

Минесота – Чикаго  111-96

Оклахома сити – Денвер  98-105

Далас – Бостон  113-104

Милвоки – Сан Антонио  135-129