Екипата на Реал Мадрид дојде до својот 15-ти трофеј од Лигата на шампионите, откако на „Вембли“ во Лондон ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0. „Кралевите“ долго се мачеа, противникот беше далеку поопасен на тревникот и сериозно го загрозуваше голот на Куртоа.
Во првото полувреме токму белгискиот голман, но и стативата го спасија Реал Мадрид, но во вториот дел комплетно различна слика во Лондон. „Кралевите“ жестоко напаѓаа, а Кобел ја држеше Борусија во игра. Корнерите на Тони Крос беа најголема опасност, а токму после еден корнер на германецот, Дани Карвахал погоди за водство од 1-0 во 74-тата минута.
Само девет минути подоцна, голема грешка на одбраната на Борусија Дортмунд. Подарок на Белингам, кој проигрува до Винисиус, а овој без поголеми проблеми го совлада голманот на Борусија откако излезе очи во очи со него.
Comments are closed for this post.