Оние кои влегле во нејзината клиника велат дека е сериозна и директна, дека не прави разлика меѓу славата и парите на своите пациенти и дека својата тајна ја чува подобро од рецептот за популарната Кока Кола. Низ нејзините раце поминаа познати спортисти како Новак Ѓоковиќ, Диего Коста, Робин ван Перси, Френк Лампард, Вејн Руни и Кристијано Роналдо.

Алтернативна докторка од Белград Маријана Ковачевиќ беше на удар на критики дека е измамник, а доби и неколку тужби.

 

Хрватскиот капитен Лука Модриќ неодамна го повреди мускулот и замина во Белрад кај Мирјана Ковачевиќ, која многумина ја споменуваат во негативен контекст, но е многу популарна меѓу фудбалерите.

 

Таа користи крема за плацента, која ја нанесува во комбинација со ултразвучни бранови

Англиските и холандските медиуми ме нарекоа „доктор на коњска плацента“. Тој прекар ме следи денес, а ми се чини дека ќе ме следи и во иднина. Не знам на кого му текнало да работи со коњска плацента, можеби мислат дека во некоја Србија има само волци, зелка, сланина, дивјаци и коњи-се брани докторката.