Премиерот на црногорската влада во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ му го врачи црногорскиот пасош на познатиот српски кошаркар Владо Дивац.

Од друга страна, Дивац за возврат му подари на Дритан потпишан дрес на Лос Анџелес Лејкерс, познатиот НБА клуб за кој настапуваше.

Дивац подолго време престојува во Црна Гора, а сега ја круниса со државјанство откако ги критикуваше српските власти.