Македонскиот фудбалски шампион Шкупи го дозна противникот за второто квалификациско коло од Лигата на шампионите во случај да го мине Линколн во првата рунда.

Ждрепката во Нион сакаше, Шкупи, во случај на успешно прво коло, да се сретне со Динамо Загреб.

За хрватскиот тим настапуваат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, а тренер и играч во минатото беше сегашниот шеф на стручнито штаб на чаирчани, Гоце Седлоски.

Натпреварите би се играле, прво во Загреб на 19/20 јули, а реваншот во Скопје на 26/27 јули