Македонскиот голман, Столе Димитриевски, имаше одличен настап за Рајои Валјекано на гостувањето против Реал Мадрид. Димитриевски беше особено добар во директните дуели со ѕвездата на Реал Мадрид, Марко Асенсио, против кого имаше две блескави одбрани.

Прво во 16. минута, шпанскиот репрезентативец излезе сам пред Димитриевски, но македонскиот репрезентативец одлично му влезе во шутот и го сопре неговиот удар.

Втората ситуација беше во 51. минута кога Асенсио, повторно непречен од никого, од пеналтикот испрати вистинска бомба кон голот на Рајо, но Димитриевски без страв се испречи пред него и успеа да го сопре шутот.

Сепак, добриот настап на кумановецот не беше доволен за неговиот Рајо Валјекано да избегне пораз на Сантијаго Бернабеу, каде што загуби со 1:0.