Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Челзи го следеше и италијанската легенда Александро Дел Пјеро .Тој влезе на тревникот за да му честита на хрватскиот маестро Лука Модриќ (36) за добро одиграниот натпревар. Го прегрна и му честиташе.
-Се знаеме долго време и ми беше задоволство што повторно се сретнавме со него. Модриќ е едноставно посебен играч. Не разговаравме долго, но беше очигледно дека му олесна да оди во полуфинале. Тој беше свесен дека Реал е во неволја. Само му реков – ‘Види, ти вечерва направи се сам пријателе, сега само уживај – ја опиша Дел Пјеро средбата.
Comments are closed for this post.