Дамјан Шобиќ (39), водачот на навивачката група на Партизан Алкатраз, кој беше уапсен за шверц на дрога, има богато криминално досие, а  првпат бил уапсен во 2008 година, кога учествувал во предизвикување немири на натпреварите меѓу ОФК Београд. и ФК Партизан.

Откако направи хаос на натпреварот Шобиќ бил во бегство и по него беше распишана потерница во 2011 година.

Една година подоцна беше откриено дека тој се крие на Косово и Метохија i таму беше уапсен. Во моментот кога го запрела полицијата носел пиштол за кој немал дозвола.